Македонската глумица Јана Стојановска вчеравечер се омажи со кошаркарот Андрија Бојиќ. Свадбата се одржа во белградскиот хотел „Југославија“. Јана носеше бел фустан со тантела, а Андрија сив класичен костум со елек. Меѓу гостите на свадбата беа многу глумци и дел од кошаркарите на „МЗТ Скопје“, екипа за која настапува Андрија.
Јана е во петтиот месец од бременоста. Таа и Андрија неодамна открија дека чекаат син. Јана е ќерка на актерката Силвија и Ненад Стојановски. И нејзината сестра Ана е глумица.
Публиката од регионот ја запозна со улогата во серијата на Драган Бјелогрлиќ, „Сенки над Балканот“. Андрија, пак е кошаркар од Србија, кој веќе неколку години живее во Скопје.
Фото: Фејсбук