Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Бојан Маџовски, се ожени со својата долгогодишна девојка Надица Ристова. Невестата носеше венчаница од чипка и впечатлив накит, а Бојан избра костум во крем боја.
Свадбата ја почнаа со сите адети. Левото крило на Пелистер со музика дојде по невестата за да ја земе од дома. А откако ги истераа адетите, веселбата продолжи во познат скопски ресторан. Младенците дотаму ги возеше ракометарот на Вардар, Филип Талески, кој е близок пријател на Бојан.
Гостите велат дека веселбата траела до доцна во ноќта, а свадбата на Надица и Бојан била многу романтична.
Надица и Бојан се свршија лани во јули.