(Галерија) Се вери музичарот Петар Маркоски, романтична понуда за брак во Холандија

Македонскиот музичар Петар Маркоски ќе се жени. Тој и неговата долгогодишна девојка Марија Јосифовска беа на патување во Холандија, каде што Петар ја побара за жена. Пејачот и виолинист објави неколку заеднички слики од Хитхорн, градот на вода кој нема улици туку канали, и откри дека како вистински охриѓанец ја побарал Марија за сопруга додека се возеле со кајче.

„Вистински охриѓанец ќе си најт кајче и во Холандија, да си земит мома охриѓанка за вечност“, напиша Петар покрај фотографиите и доби бројни честитки од пријателите, но и кометари дека е „вистински романтичар“.

Јавноста го запозна Маркоски со учеството во музичкото шоу „М2 потрага по ѕвезда“. Тој лани ја промовираше песната Una Signora. Во меѓувреме направи преработки на неколку познати светски хитови, а ги отсвире на виолина.

 

Scroll to Top