(Галерија) Сестрата на Лозано со ретро фотки за неговиот роденден

Влатко Лозаноски вчера го прослави својот 35. роденден. Македонскиот пејач доби многу честитки од најблиските, а неговата сестра Марија објави фотографија од детството и порака за да го одбележи овој ден.

„На фотографијава има среќни луѓе, среќно семејство. Еден обичен пикник покрај река на почетокот од деведесеттите. Има на неа обични брат и сестра кои растеле заедно речиси цел живот со сите игри, досетки, задевања, лутења и прекумерни поддршки“, вели Марија, која е писателка и  неретко споделува стари фотографии со Влатко.

Scroll to Top