(Галерија) Шаманката од Бекирлија вистинска дама на сопствената промоција: Атиџе и Сузана имаат нов спот

Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова го промовираа спотот за нивната нова заедничка песна „Од Бекирлија до Битола“. Песната ја напиша Сузана, а видеото се снимаше на неколку локации во Битола и Бекирлија за да ги опише родните места на двете дами и патот што ги споил, рече Турунџиева.

Промоцијатана песната беше во познат скопски локал, а дојдоа најблиските пријатели и соработници на Атиџе и Сузана.

Гостите коментираа дека се позитивно изненадени од стилот на Атиџе, која овојпат носеше фустан со животински принт и сандали со висока штикла. Сузана беше облечена во долг фустан во египетски стил.

„Ви благодарам на сите што нè поддржувате мене и Атиџе и што дојдовте вечерва тука. Јас си создадов мисија да ѝ помогнам на Атиџе да го надокнади сè она што го пропуштила до сега во животот и тоа го правиме чекор по чекор, како што пее таа во песните. Имаме големи планови и сакаме да снимиме албум“, рече Сузана.

Ова е втора песна на Атиџе и Сузана, кои претходно ја снимија „Иста судбина“.

Scroll to Top