(Галерија) Шампионките во латино играа за Стево и Бети

Претседателот на државата Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета  вчеравечер беа во посета на танчерското студио „Eat The Beat“, за да ја видат победничката кореографија од Светското првенство во латино шоу, кое неодамна се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина. Покрај нив, и останатите групи учесници на светското првенство ги покажаа своите кореографии.

Танчерките на првенството што се одржа во Боса и Херцеговина беа маскирани како штрумфови и со таа точка настапија на првенството во Сараево, каде освоија прво место во детска категорија.

„Огромно е задоволството да си меѓу светски шампиони. Лично им честитав на членовите на танчерското студио Eat the beat за успешното претставување на боите на својата земја и освоената прва награда во латино шоу во категорија деца. Ви посакувам уште многу успеси“, напиша претседателот Пендаровски.

 

 

Scroll to Top