(Галерија) Шеикот од Катар ги продава сите камили за Ирена

Фолк-пејачката Ирена Спасовска деновиве е на одмор во Египет. Дека ужива се пофали и на социјалните мрежи, па постојано објавува слики и видеа од егзотичното патување. За разлика од минатиот пат, кога беше во друштво на згоден шеик од Катар, сега таа не откри со кого летува и на сликите е сама. Но, откако објави фотографија од плажа сликана со камила, пријателите на „Фејсбук“ се пошегуваа дека таа му го поматила умот на Арапот и дека ова е сигурно една од камилите на шеикот.

„Шеикот од Катар ги продал сите камили за Ирена“, стои во еден од коментарите.

Спасовска често споделува слики од своите патувања на социјалните мрежи. Овој пат таа не криеше дека ужива во луксузно одморалиште во Хургада и дека одмора од работните обврски.

 

Пејачката изминатиот период често имаше настапи во скопските ресторани и кафулиња. Таа неодамна беша актуелна во јавноста по раскинувањето со новинарот Орце Гелевски, со кого беше во врска 13 години.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top