Вчеравечер поп-пејачката Тамара Тодевска настапи на „Карпошово културно лето“ пред платото на Млечен.
Фановите уживаа и се забавуваа со нејзините најпознати хитови, ама за жал не се почитуваа мерките, па журката беше без маски и држење дистанца едни од други.
На јавниот простор изоставија и редарските служби. никој не проверуваше ни сертификати за вакцинација или потврда за прележан ковид, иако беше предвидено максимално почитување на мерките согласно ковид-протоколот.
Пред Тамара, на манифестацијата „Културно карпошово лето“ настапија Каролина Гочева, Александар и Дац, како и бројни диџеи. Три дена музика и маалски дружба за граѓаните од Карпош во текот на летниот период беше идејата за Карпошово културно лето.