Александар Пандов, поранешен пратенк на ВМРО-ДПМНЕ и аналитичар, облечен како Тодор Александров, тргна накај Крушево за Илинден. Со комитите оди по патот на Црешовото топче.
Денес кажа дека бил на врв во шатор на планината Бистра, а и до манастирот „Св. Јован Бигорски“, од каде што сподели и фотографии. И Рашела Мизрахи, поранешната министерка за труд и социјална политика, е со него.
„Прекрасен ден. Дури сега стигнав да изберам фотографии, легнат во шатор на врвот од планината Бистра. Добра ви ноќ, Македонци, каде и да сте“, напиша Пандов. Под една од сликите што ги објави напиша: Слобода или смрт.
Објавата на Пандов не ги остави рамнодушни ни на социјалните мрежи. Па освен што паднаа од смеење оти ептен бил во филмот на Тодор Александров, се шегуваат и за целата сценографија и костимите со кои се оди до Крушево за Илинден.
„Да не се вмровците, ќе пукнеме од досада во државава. Одувек ги бивало за драми. Да го оставиме човекот да отиде на прослава во Крушево за 2 август со сета сценографија и кореографија, како што имено намерил“, пишуваат на социјалните мрежи за Пандов.