(Галерија) Со круна од огледала Васил го привлече вниманието на тиркизниот тепих: Го донесовме сонцето во Ротердам

By

Вчеравечер во Ротердам, со дефиле на тиркизниот тепих, официјално беше отворена Евровизија 2021. Македонскиот претставник Васил Гарванлиев го привлече вниманието со стајлингот – тој носеше круна од огледала и елегантен елек без ракави долг до земјата, креација на Раде Василев.

„Отворањето на Евросонг беше магично. Го донесовме сонцето во Ротердам. Требаше да врне, беше најавена бура, но кога се појави нашата делегација, блесна сонце“, рече Васил за „Репортер“.

Тој додаде и дека одлично се забавувал, иако оваа година не се одржа голема журка за свеченото отворање. Претставниците на сите земји учеснички само прошетаа на тиркизниот тепих, се сликаа и разговараа со новинарите.

За потсетување, поради пандемијата, Евровизија во Холандија годинава се одржува под посебни протоколи. Само 3500 луѓе ќе бидат присутни во „Ахој арената“ во Ротердам да го гледаат настанот во живо. Откажани се сите забави, а делегациите на секои два дена се тестираат за ковид.

Евровизија ќе се одржи на 18, 20 и 22 мај. Васил ќе пее во првото полуфинале. Тој ќе настапи шести со песната Here I Stand која ја напиша самиот.

Ќе ви се допадне

GoGoAnime sword art online gogoanime: Watch Wonder Egg Priority Episode 8

KissAnime boku no hero academia kissanime: Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full