(Галерија) Со мурал насликан во Скопје, македонски уметници го чуваат споменот на Тоше

Македонските уметници Александар Поповски и Димитар Димитров насликаа мурал со ликот на Тоше Проески во Скопје. Муралот се наоѓа на балконот на приватен стан, а гледа во правец на Соборниот храм. Сликите од муралот Александар ги објави на Фејсбук.

Александар до сега има нацртано повеќе од 100 слики со Тоше, за кого вели дека му е инспирација. Првата слика ја насликал во 2008 година, а во 2013 ја имал првата изложба со слики од Тоше во Битола. Негови слики се изложени и во спомен куќата на Тоше во Крушево. Една од сликите на Александар се појавува и во спотот за песната „Полско цвеќе“, што пред неколку години ја преработи „Инструментал бенд“.

Scroll to Top