Светскиот вицешампион во карате Емил Павлов викендов во Штип се ожени со својата долгогодишна девојка Глорија Маноилова. Невестата носеше раскошна венчаница со светки, а младоженецот избра елегантен црн костум со пеперутка-вратоврска.
Свадбата ја правеа со македонски адети, па младоженецот ја зеде невестата од дома со музика и тапани. Емил и Глорија се венчаа во црквата Св. Петка, а во дворот на црквата направија и регистрација. Забавата продолжи во познат ресторан во Штип, каде што невестата се преоблече во втора венчаница. Блиски на парот велат дека свадбата била многу весела. Имало и македонска музика и странски хитови, а журката траела до доцна во ноќта.
За потсетување, Емил ја побара за Глорија за жена во февруари во Дубаи, пред Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот. Потоа објави слика на Инстаграм од свршеничкиот прстен.