(Галерија) Со забава на море Пандев го прослави роденденот на ќерка си

Софија, ќерката на Горан Пандев, наполни 3 години. Роденденот го славеше на море, со торта и мала семејна забава. Фотографиите од прославата, на која сите се облечени во бело, Пандев ги објави на „Инстаграм“.

„Среќен роденден, моја малечка“, напиша поранешниот капитен, а роденденот на Софија ѝ го честитаа и неколку фудбалери од репрезентацијата.

Софија е најмалото дете на фудбалерот и неговата сопруга Надица. Тие ги имаат и ќерката Ана и синот Филипо.

Пандев пред еден месец го одигра последниот натпревар со репрезентацијата на Македонија, а според италијанските медиуми, сега ќе потпише едногодишен договор со Џенова, кој ќе биде последен во неговата клупска кариера.

Scroll to Top