Со неколку најблиски пријателки и со мајка си, фолк-пејачката Сузана Гавазова вчера славеше роденден. Пејачката наполни 41 година. Во бел фустан, дотерана, Гавазова повторно го привлече вниманието на јавноста сосе деколтето како заштитен знак и гламурозната торта на неколку ката. Гавазова, која е од Струмица, повеќе години е во брак со сопругот Јасмин и имаат две ќерки.