Ели Танасковска, уредник во МРТВ и долги години дел од евровизискиот тим, викендов ја омажи својата помала ќерка, Леона. Леона и нејзиниот избраник Стефан Јакимовски имаа права македонска свадба со зурли и тапани. Така им беа најавени и фотографиите: Македонска свадба во Скопје.
Се играше и пееше на стари изворни песни, а младоженецот не додржа па беше качен на тапаните, од каде ечеа песни од реканскиот крај. Имаше и забавна музика, а младенците биле највесели на свадбата.
Ќерката на Ели носеше раскошна венчаница, украсена со бисери, додека Стефан се одлучи за класичен смокинг.
