Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, конечно ќе може да се всели во нејзината куќа во Дорфулија. Вчера мајсторите завршија со реновирањето, а пејачката и водителка Сузана Турунџиева, објави фотографии од веселбата со нив и пријателите.
„Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дуда и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел, да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна. Ви благодариме“, напиша таа на „Фејсбук“.
Сузана изминатиов период постојано се залага да ѝ помогне на Атиџе. Таа за „Репортер“ ни раскажа како почнала приказната со Атиџе и за нивното пријателство.
„Пријателството со Атиџе постои од денот кога јас и моите пријатели ја посетивме во Бекирлија. Тоа беше некаде на почетокот на септември минатата година. Всушност, за тој ден сонував од тогаш кога првпат го изгледав документарецот ‘Медена земја’. Емоцијата што тој ден ми се разбуди гледајќи ја неа, толку посебна и несекојдневна, а толку своја, ќе ја паметам додека сум жива. Откако го изгледав еднаш филмот, ги одложив сите обврски и го вратив уште 2-3 пати од почеток анализирајќи ги секој детаљ, сцена, секој збор и поглед на Атиџе. Ја исплакав тивко во себе, си ја сместив во срцето и си ветив дека ако еден ден имам можност да ја сретнам, ќе направам сè за да ѝ го разубавам животот“, ни кажа Турунџева.
Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива…
Posted by Suzana Turundzieva on Saturday, February 27, 2021