(Галерија) Струмички карневал: Градоначалникот стана гроф, откачени маски и креации и конечно забава по две години пауза

Во Струмица се одржува познатиот традиционален карневал, по пауза од две години. Многу креации, шаренило од бои, уникатните струмичани уште еднаш покажаа дека ги бива за забава.

И градоначалникот Костадин Костадинов во духот на традицијата на струмичани се прошета како гроф заедно со својата грофица, сопругата Марија. Тој сподели неколку фотографии за да ја долови атмосферата на својот град.

„Богатство од креации, шаренило од бои, уникатни и свои, струмичани уште еднаш докажаа дека се вистински мајстори за забава под маски. Прекрасните маски кои му даваат посебна убавина на вечерашниот маскенбал во хотелот ,,Сириус”, а подготвувани со многу труд и љубов, најавуваат уште едно прекрасно издание на нашиот Струмички карневал. Од срце за мојата карневалска Струмица“, вели Костадинов

Фото: Истаграм профил на Костадин Костадинов

Scroll to Top