(Галерија) Сузе направи џумбуш, ја омажи ќерка си Теона

Вчеравечер се омажи Теона, ќерката на музичката дива Сузана Спасовска. Свадбата на Теона со долгогодишното момче Виктор Велковски беше во ресторанот „Везилка“. Сузе беше највесела од сите – таа запеа и направи вистински џумбуш на свадбата, ни раскажаа нејзини блиски пријатели. И додека Сузе пееше, сите гости играа и се веселеа. Свадбата на Теона и Виктор почна со неколку македонски адети, па младоженецот и неговите пријатели ја туркаа вратата за да ја земат невестата од дома.

Теона за свадбата избра широк фустан со длабоко деколте, со долг вел и круна на главата, а Виктор носеше црн елегантен костум.

За потсетување, минатиот викенд Теона направи голема моминска забава со сите нејзини другарки. Таа и Виктор се верија во јануари годинава, откако Виктор ја побара за жена на нејзиниот роденден. По веридбата, Сузе за „Репортер“ раскажа дека Теона ќе се мажи од љубов и дека таа е среќна за изборот на нејзината ќерка.

„Јас верувам во љубовта и сметам дека таа е најголемиот двигател на се во светот, а така и  јас ја воспитував ќерка ми.  Мене како горда мајка ми останува да им поскам да се среќни и вечни, да се љубат да имаат дечиња кои ќе им ја радуваат куќата, а и нас најблиските“, ни откри тогаш пејачката.

Scroll to Top