Хана, ќерката на Тамара Тодевска, денес полни шест години. Пејачката објави неколку фотографии и се сети на денот кога таа се родила. Тамара објави фотографии од болница додека Хана била бебе, но и со братот и со нивното куче. Потоа, напиша порака на секоја од фотографиите: „Мамина убавица, живот мајкин, мамино прво око, мамина глумица“, а вели и дека Хана е сестра каква што секој би посакал.
Хана е прво дете на Тамара и нејзиниот сопруг Александар, кои го имаат и синот Дарин. Тие претходно ѝ организираа интересна журка со многу гости, но последните родендени поради Ковидот ги славеа во карантин. Хана има и свој инстаграм-профил, „Дневна доза Хана“, каде што Тамара споделува фотографии и видеа од својата ќерка.