Пејачката Марија Груевска викендов направи моминска забава во Грција. Денот го помина на плажа во танга на скутер, а вечерта во бел фустан со длабоко деколте и отпечаток од црвен кармин над градите таа се журкаше во ноќен клуб со неколку другарки. Видеата и фотографиите од забавата ги објави на социјалните мрежи и најави дека за неколку дена се мажи.
Марија, која публиката ја запозна преку шоуто „Ѕвездите на Гранд“, се сврши лани во декември со својот дечко Синиша. Тој се појави и во последниот спот на пејачката за песната „Горим сва“.
За потсетување, Груевска го освои жирито на „Гранд“ со својот уникатен избор на облекување и интересниот начин на пеење. Еден од нив беше настап со змија, подоцна се појави и во костим со маски за кој добила идеја од венецискиот карневал. Таа носеше и креации од дизајнерот Златко Јовановски, па Карлеуша, која во тоа време беше дел од жирито, често го фалеше нејзиниот моден избор.
View this post on Instagram