Вчеравчер, во кафеанта „Шпајз“ се собраа најблиските на манеканката Катарина Ивановска за да го прославта раѓањето на нејзината ќарка. Журката ја правеше Цобе, вереникот на Катарина. Забава , музика, пеење…За микрофон се фати поп-пејаката Тамара, која отпеа неколку песни со цело друштво. Главните мекици се закажани за викендот.
Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска, вчера се породи породи во една приватна болница, по природен пат , а бебто го доби името Кира. Икако, иако се пишуваше дека е по таткото на Катарина, поранешниот ракометар Киро Ивсновски, таа неодамна во интервју за „Репортер“ откри дека случајно се поклопиле работите.
„Првпат го слушнав името Кира пред неколку години и многу ми се допадна. Татко ми е Киро, да, но сосема случајно испадна Кира да е женска верзија на неговото име. А и татко ми е пресреќен“, ни откри неодамна Катарина.
Таа раскажа и дека скоро воопшто не се здебелила во текот на бременоста, а дека за разлика од повеќето трудници, наместо да се јаде, губела апетит.
Кира е второ дете на популарната манекенката и на нејзиниот сопруг Цобе. Тие го имаат синот Вања, кој неодамна наполни 2 години.