Македонскиот продуцент и композитор Дарко Димитров вчера го прослави својот 47. роденден. Многу пејачи, соработници и колеги му честитаа на социјалните мрежи. Тие му посакаа многу здравје, успех и среќа. Прва му пиша пејачката Лина Пејовска, која објави нивна заедничка слика.
„Среќен роденден на кралот за правење на музика. Те сакам“, напиша таа.
Покрај Пејовска, на Димитров му честитаа и Александар Тарабунов, Тамара Тодевска, Филип Божиновски, Ања Ветерова, а продуцентот доби доби честитки од од хрватската пејачка Јелена Розга и српските пејачки Каја Остојиќ и ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ.