(Галерија) Тони Зен се искачи на највисокиот врв на Кожуф

Тони Зен викендов се искачи на Зелен брег, највисокиот врв на планината Кожув. Зелен брег е на надморска висина од 2172 метри. Па иако е пролет, поголемиот дел од планината и сега е под снег.

„Паднал снег на зелен брег. Одлична прошетка на Кожуф планина, сонце со многу ветер. Само изолација му е мајката“, напиша Зен на сликите што ги објави на инстаграм-профилот.

Зен во јавноста е познат како љубител на зимските спортови. Тој на социјалните мрежи ретко објавува слики, а повеќето негови објави се фотографии направени на планина и на скијање.

Scroll to Top