(Галерија) Цела естрада на разубавување кај Даниел

Со шампањско и јагоди, мејкап-артистот Даниел Николовски го отвори својот нов салон Hair & Make Up Studio Daniel Nikolovski. На отворањето дојде целата естрада: музичарите Антониа Гиговска, Роберт Билбилов, Даниел Данн, Дарко Димитров, блогерката Љупка Митрова, моделот Павле Николовски, водителите Бубе Јаневска, Александра Илиевска, Ване Марковски, фризерот Бубе Ин и многу други.

„Долго време работевме на дизајнот на новиот салон. Сакав тоа да биде пријатно место каде што ќе уживаат и моите клиенти, ама и јас“, рече Даниел за „Репортер“ на отворањето.

Ни гостите не го криеја воодушевувањето. „Како да си во светски салон за убавина“, „Толку модерно, изгледа прекрасно“, беа дел од коментарите на гостите.

Даниел Николовски речиси десет години работи како мејкап-артист. Тој ги шминката повеќето јавни личности кај нас, но разубавува и многу српски и хрватски ѕвезди кога доаѓаат на настапи во Македонија.

(А.Ј)
Фото: Фејсбук

Scroll to Top