(Галерија) Виолинистот Илија Филиповски стана татко, со мекици и музика славеше за синот во кафеана

Виолинистот на групата „Маестро“, Илија Филиповски, и неговата сопруга Анастасија добија син кој ќе се вика Марко. Раѓањето на бебето Илија го прослави во кафеана со музика и многу пријатели. На забавата беа и фолк-пејачот Кирил Митоски, Иван Јованов од „Либеро бенд“ и хармоникашот Воки Петрушев, кој му е најдобар пријател и кум на Илија.

Познатиот виолинист и Анастасија се свршија во април на Матка, а два месеца потоа направија романтична свадба покрај базен.

Илија, освен што свири во групата „Маестро“, долги години е член и на ансамблот на „Танец“, а претходно свиреше и во оркестарот кој со години настапуваше во емисијата за народна музика „Зајди зајди“.

Scroll to Top