(Галерија) Владо Јаневски сними нов спот по десет месеци

Владо Јаневски деновиве снима спот за својата нова песна „Без тебе не ме бива“. Видеото се снимаше на покривот на ГТЦ, а Владо, иако одамна вели дека не сака да се појавува во своите спотови, ја има главната улога. Ова е прво видео на Владо по десет месеци пауза откако лани во јуни ја промовира песната „Час те волим, час те мрзим“.

„Сцени од денешното снимање на спотот за ‘Без тебе не ме бива’, во реализација на ‘Томато продукција’“, напиша Владо и откри дека спотот ќе биде промовиран кон средината на месецот.

Ова е трета песна што ќе се најде на новиот албум на Јаневски, а кој ќе излезе во издание на „Короација рекордс“.

Scroll to Top