(Галерија) Журка наместо класична свадба за вториот брак, се ожени шеф Никола од „Брза кујна“

Готвачот Никола Мишковски, познат како шеф Никола од кулинарското шоу „Брза кујна“, наместо класична свадба, викендов направи свадбена журка. Тој и неговата девојка Стефанија се венчаа минатата недела, а сега само направија забава за своите најблиски роднини и пријатели. На свадбата Стефанија носеше едноставна венчаница со спуштени ракави, а Никола беше облечен во тегет костум.

Со шеф Марк

Меѓу гостите на журката беа и колегите на Никола од „Брза кујна“, шеф Марк де Јонг и водителката Александра Илиевска. Тие на „Фејсбук“ споделија слики од свадбата и им посакаа многу љубов и многу деца на младенците. Инаку, Никола и Стефанија наскоро го очекуваат своето прво дете.

Никола со водителката на „Брза кујна“, Александра Илиевска

Ова е втор брак за 35-годишниот готвач. Тој претходно беше во брак со Маја со која има едно дете.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top