(Галерија) Зои Блаж направи раскошна моминска забава покрај базен

Поранешната пејачка и мејкап-артист Зои Блаж направи моминска забава со другарките на базен. Пред свадбата со словенечкиот ракометар Тадеј таа уживаше во друштво на своите најблиски другарки со кои направи моминска за паметење во изнајмена вила со базен.

Таа и ракометарот Тадеј се запонале случајно пред 5 години преку социјална мрежа.

Зои во интервју за „Репортер“ раскажа дека уште како дете сакала шминки, а кога била тинејџерка, често добивала пофалби за својот труд. Покрај себеси, ги шминкала другарките и роднините за свадба, кои постојано ја терале да почне нешто свое, но таа не се чувствувала спремна. Сепак, еден ден одлучила да направи свој профил и да почне да шминка. Таа веќе пет години успешно се занимава со оваа работа за што сведочат нејзините задоволни клиентки и препораки.

Но, покрај шминкањето, Зои се занимава со пеење уште од дете. Почнала со „Златно славејче“, потоа во Средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ и на крајот се запишала на Музичката академија, каде што студиите моментно ѝ се во мирување. Професионално почнала да пее на 16 години со настапите на „Сунчане скале“ во Црна Гора, на фестивал во Врњачка Бања, на „Охрид фест“ итн. Досега има 8 песни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoi Blaz Official (@zoi.blaz)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoi Blaz Official (@zoi.blaz)

Scroll to Top