Гавазова ги открива тајните на топ изгледот

Фолк-пејачката Сузана Гавазова отсекогаш се грижела за својот добар изглед. Уште од почетокот на кариерата таа привлекува внимание со згодното тело кое често го покажува во своите спотови. Сузана вежба редовно, а внимава и на исхраната. Иако денот ѝ е исполнет со бројни обврски, што со децата, што со музиката, пејачката се труди да не прескокнува оброк. Таа открива дека водата е тајната на нејзиниот добар изглед.

„Препорачувам многу пиење вода и јадење овошје во текот на денот“, вели Гавазова.

Секое утро ѝ започнува со подготвување појадок за двете деца.

„Со појадокот правам и смути од свежо овошје и тоа го правам секое утро, како за децата, така и за сите нас. Дури потоа пијам кафе. Тоа ми е ритуалот пред да излезам од дома“, додава таа.

Денот не може да си го замисли без тренинг. Вежба барем петпати во неделата, зависно од обврските што ги има. Но, тренингот ѝ помага во зацврснување на мускулите, а добриот изглед е многу важен за нејзината работа.

„Ако ме фати мрза, тогаш денот ми е лош“, вели Сузана.

 

Scroll to Top