Гавазова ќе ја освојува Србија

Фолк-пејачката Сузана Гавазова го сними првиот спот на српски јазик. Песната Halo која Гавазова ја најави пред еден месец, а која е наменета за српскиот пазар, конечно беше промовирана пред публиката.

„Автор на текстот на таа песна е многу познатиот Драган Брајовиќ-Браја, а автор на музиката е Денија Ликс. Песната е феноменална, јас сум презадоволна, особено што текстот е од работилницата на еден од најдобрите српски текстописци, па нема утка“, изјави Гавазова.

Фолк пејачката по престојот во Шведска, каде се пресели пред неколку години, повторно се врати во Македонија. По големиот број на патувања кои ги имаше низ Грција, Хрватска, Црна Гора и Босна, пејачката сега најави дека има намера да го освојува српскиот пазар.

Scroll to Top