Гавазова со Саша Поповиќ во Белград, фановите велат еве ја новата ѕвезда на Гранд

Фолк-пејачката Сузана Гавазова викендов во Белград пееше на свадбата што ја организираше еден од најбогатите Срби, бизнисменот Свето Тодоровиќ. Таа на свадбата се сликаше со Саша Поповиќ, поранешниот сопственик на „Гранд“ и неговата жена, пејачката Сузана Јовановиќ. Па откако ја објави фотката на Инстаграм, тргнаа муабетите. „Еве ја новата ѕвезда на Гранд“, велат фановите.

Гавазова беше поканета од нејзината српска колешка Јана Тодоровиќ да пее на свадба во нејзината фамилија во Белград. Освен Сузана, на свадбата пееја и нејзини колеги од Србија и Хрватска.

Фолк-пејачката Јана е всушност снаа на Свето Тодоровиќ, човек кој има империи во Минхен и Белград и огромен замок што се наоѓа во Постбауер-Хенг, во близина на Нирнберг во Германија. Тој располага со голем капитал и во Австрија и во Америка. На Тодоровиќ омилена пејачка од Македонија му била баш Гавазова, па оттаму и идејата да дојде да пее на свадбата.

Scroll to Top