Ги загубив сопругата и брат ми, ама наградите се за моите деца, рече Влатко Стефановски па одекна на сцената “Учи ме мајко, карај ме”

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски доби две награди на Златна бубамара, за албумот „Мајчин јазик“ и за концерт на годината.

Стефановски на сцената ги спомена својата почината сопруга и братот Горан Стефановски, кој го изгуби на крајот од минатата година.

„Ги загубив сопругата и брат ми, ама наградите се за моите деца“, рече познатиот гитарист. Музичарот наградите ги посвети на својата ќерка Ана и синот Јан.

Влатко потоа на сцената го повика својот син со кого ја отсвиреа македонската народна песна „Учи ме мајко карај ме“. Одличната атмосфера во салата ја исполнија групата „Танец“ и хорот „Мирче Ацев“.

Редакција: Репортер

 

(Галерија) Дупка у публика, една карта пренесена во Будимпешта, почна Бубамара за отруени граѓани

Scroll to Top