Го наполнивме албумот: Христијан Мицкоски со синовите ги залепија сликичките за Евро 2020

Синовите на лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски ги залепија сликичките за Евро 2020. Мицкоски , а тој се пофали на својот Фејсбук профил . Вели дека неговите сиови Јован и Антониј ја завршиле популарна спортска работа.

-Долг, тежок, напорен ден со прекрасен крај. Двајцата дома ме чекаат и во еден глас ми велат: тато ги залепивме последните пет што ни фалеа, го наполнивме албумот, не оној семејниот, туку оној од ЕУРО 2020 со Горан, Столе, Аријан, Стефан, Дарко, Енис, Елиф и останатите македонски херои, нашата гордост. Ова е првиот албум на Антониј и трет на Јован, продолжуваме јунаци заедно и секако навивањето за нашата Македонија“, напиша тој.

 

Scroll to Top