Водителка Александра Илиевска, од шоуто „Брза кујна“, сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како непознат човек ѝ го краде електричниот тротинет.
„Најдраг еко-пријател што денес дрско ни го украдоа, Скопје е мој град. Го сакам Скопје безбедно, вели водителката во видеото каде упати апел да се споделува во надеж дека ќе се најде крадецот, но и ќе си го врати тротинетот.
Видеото е објавено и на ФБ страната „Украдени точаци“, каде з секојдневно се споделуваат по неколку постови за украдени работи, а најмногу велосипеди.
View this post on Instagram