Македонскиот пејач Ѓоко Ѓорчев објави нова песна која ја отпеа во дует со оперската певица Кристина Палија. Станува збор за преработка на темата Parla piu piano, која ја компонираше италијанскиот композитор Нино Рота, а првпат беше изведена како инструментал во култниот филм „Кум“ во 1972 година. Освен со оригиналните стихови на англиски јазик, песната има и верзии на француски, сицилијански и на италијански. Аранжманот за верзијата на Ѓорчев и Палија, пак, го направи колегата Иле Спасов.
Песната Parla piu piano ќе се најде на албумот со најпознатите арии и евергрини насловен My Way. Планирана е и турнеја низ Македонија, а и концерт за на пролет.