Поп-пејачот Ѓоко Танески се пофали на „Фејсбук“ дека наскоро ќе стане магистер. Тој објави неколку фотографии направени додека ги брани тезите врз база на кои ќе ја подготви својата магистерска работа. Тезите Танески ги бранеше пред четиричлена комисија на Факултетот за туризам и менаџмент.
Пејачот доби бројни честитки од пријателите, а некои побараа од него и да ги почести за успехот оти не е мала работа да станеш доктор на науки, му напишаа тие.