Поп-пејачот Влатко Лозановски на 2 август ќе има концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. По успешниот концерт кој зимата го одржа во Скопје, а го организраше „Авалон“, сега летниот концерт ќе го организра „Прагма продукција“.
„Со нетрпение чекам да ве видам и да пееме заедно во еден глас. Се гледаме на втори“, вели Лозано за претстојниот концерт во Охрид.