Премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата, Никола Димитров, споделија фотографија на која се голи на плажа во Охрид. Под заедничката фотографија напишаа „Работи напорно, забавувај се многу“.
Ова не е првпат тие и приватно да се дружат. Неодамна споделија фотографии од заедничко возење мотори во Струмица, а потоа со сопругите седнаа на заеднички ручек.