Хармоникашот Горан Алачки е во љубовна врска со новинарката Марина Дојчиновска. Поранешниот сопруг на пејачката Адријана Алачки веќе на ја крие љубовата со познатата новинарка и водителка.
Горан и Марина од неодамна на своите фејсбук-профили објавуваат заеднички фотографии, а последните се од одморот во Рио де Жанеиро, Бразил. Двојката сподели слики од вечерни излегувања, од најпознатата плажа Копакабана и пред споменикот на Исус Спасителот, едно од седумте светски чуда. Некои од нивните пријатели искоментираа дека се изненадени од врската, други им посакаа вечна љубов.
Горан е еден од најпознатите хармоникаши и музичари кај нас, автор на многу фолк-хитови. На јавноста ѝ стана познат со фолк-триото „Адријана и Ирена“, заедно со Ирена Спасовска и Адријана Алачки. Пред врската со Марина, Горан 25 години беше во брак со пејачката и водителка на емисијата „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки. Двојката има две деца, ќерката Грациела и синот Благоја. И покрај тоа што се разведени, Горан и Адријана се добри пријатели, велат нивните блиски.
Марина, пак, јавноста ја знае како автор и водител на емисијата „Македониум“. Преку оваа емисија, таа го пронајде племето Хуни, кои се сметаат за наследници на Александар Македонски.