Горан Пандев доби италијанско државјанство

Македонскиот фудбалер Горан Пандев вчера доби италијанско државјанство. Тој на својот инстаграм-профил објави неколку слики од потпишувањето на документите и се пофали дека сега има две државјанства.

Капитенот на фудбалската репрезентација кариерата ја почна во „Беласица“ во родната Струмица. Во Италија игра од 2001 година, кога го потпиша првиот договор за „Интер“. Потоа играше за „Специа“, „Анкона“, „Лацио“, се врати во „Интер“, отиде во „Наполи“, оттаму во „Галатасарај“ во Турција, а во 2015 година се врати во Италија и оттогаш игра за „Џенова“.

Пандев неодамна откри дека сака да ја заврши својата професионална кариера. Пред да се пензионира, 35-годишниот фудбалер сака со македонската репрезентација да се пласира на Европското првенство.

Scroll to Top