Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, третпат стана татко. Неговата сопруга Надица роди ќерка која ќе се вика Софија. Горан и Надица ги имаат и ќерката Ана и синот Филипо.
Веста дека Пандев добил ќерка ја објави фудбалскиот клуб „Џенова“, каде што нашиот фудбалер игра од 2015 година. Тие преку „Твитер“ на Горан му го честитаа раќањето на ќерката.
🎉 La famiglia Genoa diventa sempre più grande grazie alla neonata Sofia #Pandev. Felicitazioni rossoblù alla mamma, a Goran e ai fratellini! ❤️💙
— Genoa CFC (@GenoaCFC) July 23, 2018