Горан Папаз ќе свири пред Папата во Католичката црква

На покана од Католичката црква, во вторик, на 7-ми мај, охридскиот музичар, саксофонист, Горан Папаз ќе биде специјален музички гостин и ќе настапи пред Папата Франциск.

Настанот ќе се одржи во дворот на Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, по 14. 30 часот, каде Папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите.

Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе“ со која ќе се претстават со три композиции.

 

Scroll to Top