Горан Стефановски ќе биде кремиран, неговата пепел ќе биде расфралана во Охридското Езеро

Семејството на починатиот македонски писател и драматург Горан Стефановски, објави дека неговото тело ќе биде кремирано на 5 декември во Катербури во Велика Британија во 9:20 часот.

По желба на Горан Стефановски, во посебна пригода пепелта ќе биде расфрлана во водите на Охридското езеро.

Горан Стефановски почина синоќа по кратко и тешко боледување во близина на Лондон, каде што живееше подолго време.

Scroll to Top