Горд сопруг, вели Сашко Коцев за својата Смиљана која стана доктор на науки

Докторката Смиљана Бундовска, која е 9 години во брак со Сашко Коцев, стана Доктор на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веста за нејзниот успех ја сподели актерот на социјалните мрежи.

„Горд сопруг“, напиша тој на линкот од објавата во која се вели дека осум докторки на науки, сите од областа на медицината и здравството, меѓу кои и Смиљана, вчера биле промовирани во аулата на ректоратот на Универзитетот.

Сашко ја запроси Смиљана на 15. „Златна Бубамара на популарноста“ во 2012 година. Тој се појави на сцената како Аладин и ја започна познатата балада од филмот „A Whole New World“, по што Каролина Гочева продолжи по него за да го направи романтичниот момент уште повпечатлив. Тој се упати кон публиката, ја Смиљана на сцената, клекна на колено ѝ ѝ предложи брак. Парот се венчаше истата година во Куршумли Ан, а во 2017 година ја добија ќерката Јоана.

Scroll to Top