Гостиварецот Михаил дизајнира автомобили на иднината

Љубовта и страста кон автомобилите што започнале во детството прераснале во предизвик да се успее во автомобилската индустрија. На почеток тоа било запознавање со тридимензионална визуализација.

По десет години истражувања и „висење“ пред компјутер и голем ентузијазам, еден млад гостиварец доби потврда и подотворена голема врата за влез во светот на автомобилизмот.

Редизајнот на „застава 100“ го направи популарен Михаел Мерклер (27) од Гостивар од неодамна ја заинтригира
јавноста со неговиот дизајн за стариот „стоеден“ (застава 101).

Токму овој модел, што во минатиот век бил исклучително популарен во некогашната СФРЈ, беше негова инспирација.

Редизајнот одекнал силно, па неколку автомагазини направиле интервју со него.
Иако ни одблизу не наликува на неговиот претходник, новиот дизајн наиде на позитивни реакции во медиумите што се занимаваат со автомобилизам.

„Подолго време поставувам дизајни на автомобили на специјализирани веб-страници, но откако го претставив дизајнот со мојата визија за моделот „југо 311“, кој кај нас беше познат како „стокец“ или „стоеден“, станав повидлив за јавноста. Некои медиуми овој концепт го пренесоа како забава и „лажна вест“, но
имаше и сериозни анализи и критики на релевантни познавачи, вели Михаел.

Инспирацијата дошла како револт на репутацијата што „застава“ ја стекнала низ годините. Тоа дотолку повеќе што првиот автомобил во семејството бил сина „застава 101 ГТ“. Сакал да ѝ даде нов сјај на детската љубов.

На повидок прв автомобил во производство Михаел, кој гостиварци го знаат како Мики, не е непознат во светот во кој владее бескомпромисна и силна конкуренција.

Првиот позначаен успех го имал пред две години со модел на шведскиот производител „Кeнигсег“. Со неговиот познаник Дејан Христов од Скопје прифатиле предизвик да направат нов дизајн за овој произведувач. Дејан ги направил скиците, а Мики сето тоа го преточил во 3Д-форма. Објавата ја забележал Украинецот Андреј Чајковски, кој сакал да инвестира во производството на тој модел.

На авторите им платил 2.300 евра, што за Мики бил првиот позначаен хонорар за неговата работа.

Scroll to Top