Гоце Седлоски е нов тренер на Динамо Загреб 2

Македонската фудбалска легенда Гоце Седлоски е промовиран во тренер на вториот тим на Динамо Загреб и ќе ја води екипата во младинската Лига на шампиони каде чека четвртфинале со Бенфика.

Игор Јовичевиќ го презеде првиот тим кој претходно го водеше Ненад Бјелица, а некогашниот столб во одбраната на „модрите“, а сегашен спортски директор во Вардар, се враќа во тимот кадешто играше како играч со големи успеси.

Идејата Седлоски да го предводи вториот тим на Динамо Загреб многу веројатно доаѓа по препорака на Здравко Мамиќ, кој е доста близок со македонскиот тренер и често говори со високи епитети за него.

46-годишниот Седлоски последниот ангажман како тренер го имаше во БиХ каде го водеше Широки Бријег, а работеше и во Рига, Вардар и Хоризонт Турново. Гоце Седлоски како играч во редовите на Динамо Загреб мина шест и пол години, од 1998 до 2005 година.

Scroll to Top