Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, е позитивен на коронавирусот. Веста дека се заразил со корона ја откри сам на социјалните мрежи. Тој вели дека се чувствува добро и се надева дека така и ќе остане.
„Во текот на вчерашниот ден пројавив благи симптоми на Ковид-19 по што денес направив ПЦР-тест, кој покажа дека сум позитивен. Се чувствувам добро и се надевам дека состојбата нема да се промени, а симптомите ќе бидат сведени на минимум. Се извинувам доколку ненамерно некому сум му ја пренел болеста без да знам“, напиша Темелковски.