Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески во „бекстејџ“ со Северина и Марјана Станојковска

Популарната лото водителка, Марјана Станојковска објави фотографија од бекстејџот на годинешниот јубилеен 15-ти по ред „Пиво Фест“ во Прилеп.

На фотографијата Марјана е со градоначалникот Марјан Ристески и Северина. Под фотографијата таа напиша дека се подготвуваат за последниот настап на вечерта.

Како потсетување, ова е втор пат Северина да биде дел од традиционалниот фестивал „Пиво фест“ кој оваа година се одржа по јубилеен 15-ти пат.

Scroll to Top