Градоначалникот Трајановски на „Фејсбук“ кани на журка во Стара чаршија

Градоначалникот на Град Скопје,  Коце Трајановски, на својот фејсбук-профил ги покани љубителите на добра забава викендов во Стара чаршија на журката „Супер Скопје“.

„Овој викенд ‘Супер Скопје’ продолжува во Старата скопска чаршија, на две локации, в петок забавата ќе биде на плоштадот ‘Скендер бег’, додека в сабота на просторот пред црквата ‘Свети Спас’. Повелете во Старата скопска чаршија и уживајте во богатата музичка програма и во сето она што ни го пружаат угостителските објекти“, пишува Трајановски на „Фејсбук“.

Scroll to Top