Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доби на подарок пица со неговиот лик па и јавно се пофали. Пицата е од Дејан Трајанов – Чеде , кој на „Гастро туристичкиот фестивал“ 2022 година освои златен медал во категоријата на подготовка на пица и сребрен медал во категоријата за подготовка на паста, а освои и златен медал за апсолутен победник. Градоначалникот рече дека општина Охрид ќе го поддржи Чаде и за претстојниот натпревар во Бугарија: „Му честитам, а следниот натперавар треба треба да му ги отвори портите за учество на Светскиот натпревар за подготовка на пица кој се одржува во Италија“, рече Пецаков.

